6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo си заминува од Швајцарија

Yahoo си заминува од Швајцарија

Meg Whitman Addresses Silicon Valley Leadership Group

Американскиот интернет гигант „Yahoo“ официјално потврди дека ќе ја затвори својата филијала во Швајцарија и активностите ќе ги пресели во своите канцеларии во Лондон и Даблин.

Според зборовите на директорката за комуникации во Европа, Блискиот Исток и Африка, Џудит Штерл, „Yahoo“ ќе ги напушти своите активности во градот Рол и ќе се пресели во Лондон и Даблин. Причината за тоа е развојот на иновациите и концентрација на операциите на помал број на локации.

Преселбата ќе се изврши во наредните неколку месеци, па така седиштето на „Yahoo“ во Рол официјално ќе биде затворено во првата половина од 2014-та година, по консултациите со швајцарските партнери.

Со заминувањето на „Yahoo“ од Швајцарија ќе бидат погодени околу триесетина вработени кои работат во оваа канцеларија. Останува да се види дали од „Yahoo“ имаат некое алтернативно решение за нив или ќе мораат да си останат дома.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП