Познато е дека лукот е моќен додаток во исхраната кој се покажал особено силен во борбата против инфекциите, ефикасно штити од патогени бактерии, вируси и паразити отпорни на лекови, а добар е и против габични инфекции, а најдобар е кога се консумира свеж. Во варена форма е подобар за заштита на крвните садови.
Сепак, ефектот врз здравјето не е сè она што може да ни го понуди ова богатство на природата. Ефикасно е и во борбата против стареењето, во комбинација со најголемото природно совршенство, медот. Бидејќи пролетта е идеално време да се посветиме на негата на лицето и телото, направете ја оваа природна смеса која ги брише брчките. Оние кои го пробале тврдат дека ефектите се видливи по кратко време на консумирање.

