Некогаш од брзање, некогаш поради незнаење може да погрешите во чувањето на овошјето и зеленчукот во текот на летото. Треба да знаете како да ги складирате и чувате, бидејќи некои од нив не треба воопшто да се чуваат во фрижидер.
1. Доматите се чуваат на собна температура
Многумина прават вообичаена грешка со тоа што доматите ги чуваат во фрижидер. Најмногу корисни својства и најдобриот вкус се извлекува од нив ако ги ставите на собна температура.
2. Одвојте го компирот од кромидот
Иако и двата плода се чуваат на ист начин на темно место во хартиена кеса или вреќичка. Па така општо не треба да ги ставате во фрижидер. Кромидот е познат по тоа што знае да впие влага, поради што и компирот може да ви се расипе.
3. Јаболка во пластичен сад
Сезонските јаболка ќе ви траат подолго, дури и неколку недели ако ги ставите во пластичен сад или пластична кеса, па дури потоа во фрижидерот.
4. Свежи зачини
Во пластични вреќички цврсто затворете ги свежите билки како магдонос, темјан, рузмарин, нане. Од друга страна, босилекот не треба да го ставате во фрижидер бидејќи ќе почне да потемнува.
Наместо тоа, неговите стебленца ставете ги потопени во чаша вода и покријте ги со поголема пластична чаша која нема да ги допира. На тој начин ќе му ја одржите свежината за барем една недела повеќе.