20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lego“ објави рекордни резултати за 2021-ва

„Lego“ објави рекордни резултати за 2021-ва

Најголемиот светски производител на играчки, „Lego Group“, рече дека неговиот профит скокнал за една третина во минатата година, поддржан од неговите нови производи и фактот што семејствата трошеле повеќе за време на блокадите поради коронавирусот, објави „Bloomberg“.

Нето добивката достигна рекордни 1,3 милијарди круни (1,94 милијарди долари) од 9,9 милијарди круни во 2020-та година, откри данската компанија. Приходите во 2021-ва година се зголемија за 27% до 55,3 милијарди круни, што е исто така рекорд.

„Lego“ инвестира во развој на нови производи, вклучувајќи комплети за играчи, кои ги комбинираат неговите познати конструкции со дигитални елементи.

Компанијата се покажа како еден од победниците на пандемијата откако потрошувачите ги зголемија трошоците за стоки додека поминуваат повеќе време дома. „Lego“ соопшти дека транзицијата кон поголема онлајн продажба, која започна во 2020-та година, продолжи и во 2021-ва година.

„Ги видовме придобивките од стратешките инвестиции направени во последните три години за обновување на нашето портфолио, дополнување и развој на нашите искуства за малопродажба и зголемување на капацитетот на нашиот глобален синџир на снабдување“, рече извршниот директор Нилс Б. Кристијансен.

Компанијата, која е контролирана од семејството на милијардерот Келд Кирк Кристијансен, рече дека најпродаваните производи ги вклучуваат класичните серии „Lego City“, како и тематските конструктори поврзани со филмовите „Војна на ѕвездите“ и „Хари Потер“.

„Lego“ го прошири својот удел на најголемите пазари, но рече дека очекува работите да се вратат во нормала во 2022-ра година и дека ќе постигне „едноцифрен“ раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП