29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЦените на дигиталните недвижности во метаверзумот се движат од 10.000 до 300.000...

Цените на дигиталните недвижности во метаверзумот се движат од 10.000 до 300.000 долари

Бројот на компании специјализирани за обезбедување услуги за компании кои бараат начин да се вклучат во метаверзумот, како и за инвеститори кои сакаат да купат виртуелни недвижнини, расте заедно со дигиталниот свет, вели Џорџ Билека, дигитален архитект и извршен директор на Voxel Architects.

Јасни граници во метаверзумот сè уште не постојат“, вели Билека.

Како што објаснува, виртуелната куќа, канцеларија или друг вид деловен простор не е ништо друго туку малку покомплексен незаменлив токен (NFT) кој може да се користи за складирање виртуелни добра или примање посети, одржување состаноци и концерти, обезбедувајќи пристап регулиран со паметни договори кои се чуваат во блокчејн, пишува Capital.com.

„Дигиталното присуство се потврдува преку NFT и може да се пренесе на ист начин како и физичката сопственост. Овде добивате само дигитален производ за вашиот дигитален имот“, вели Билека.

Компанијата Voxel Architects бележи експоненцијален раст откако Марк Цукерберг објави дека Facebook станува Мета и дека ќе се фокусира на развој на метаверзумот. За две години, Voxel го зголеми бројот на вработени од двајца на 21, вклучувајќи концептуални уметници и програмери кои управуваат со дигитални недвижности во рамките на концептот на дигитална реалност.

Минатата година Voxel бележеше две до три барања неделно. Во моментов, од ребрендирањето на Facebook, Voxel има две до три барања дневно. Билека наведува дека не постои каталог за однапред изградени структури и дека секој од световите во метаверзумот е различен.

Цената на овој тип на дигитално присуство е далеку од евтина, па Voxel има сличен ценовник како архитектонско друштво во физичкиот свет. Според Билека, единствената разлика е што инженерите се заменети со програмери.

Со заработка од 10.000 до 300.000 долари по проект, тимот на Voxel моментално може да преземе четири проекти месечно или 48 проекти годишно. Voxel ги наплаќа своите клиенти во криптовалути, првенствено во етер и токени во согласност со ERC, како што е USDC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП