11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОпивањето го оштетува имунитетот

Опивањето го оштетува имунитетот

Конзумирањето големи количини алкохол во кус период може и кај младите лица значително да ја наруши функцијата на имунолошкиот систем.

Американски научници од Универзитетот Лојола за потребите на истражувањето границата на присутност на алкохол во крвта ја поставиле на 0,8 промили.

Според податоците собрани од 15 испитаници на просечна возраст од 27 години, конзумирањето на 4-5 дози вотка во рок од неколку часа резултирала со намалена активност на имунолошкиот систем.

Тоа доведува до забавување на зацелувањето на раните и го зголемува ризикот од губење крв и појава на секундарни инфекции.

Стручното списание „Alcohol“ додава дека третина пациенти примени на трауматолошките
одделенија на болниците имаат алкохол во крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП