5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВреме е за последните трансфери, па до кога може да се купува!?

Време е за последните трансфери, па до кога може да се купува!?

transferiiii

Со наближувањето на крајот на трансфер прозорецот, нервозата во клубовите значително се зголемува. Време е за последните купувања, а според историјата, тие  многу често се необмислени и многу од нив се пропадната инвестиција.

Иако трансферниот прозорец „на хартија“ се затвора на 31-ви август, всушност ситуацијата е малку поинаква во зависност од конкретната држава.

Така на пример, скандинавските клубови не можат да купат веќе играчи, додека оние во Турција и Русија имаат прилично повеќе време и по почетокот на септември. Па поради тоа ви прикажуваме кој до кога има право да пазарува.

Во Англија, Франција, Шпанија, Холандија, Белгија, Данска и Шкотска прозорецот ќе се затвори на 2-ри септември во 00:00 часот по локално време.

За Германија крајниот рок е малку пократок. Сите клубови од Бундеслигата, како и од сите подолните дивизии, ќе можат да ги засилат своите редови до 18:00 часот на 2-ри септември.

Во Италија, Грција и Украина ситуацијата е исто така слична, само што таму терминот е 23:00 часот, повторно на 2-ри септември.

Доста порано – во 00:00 часот на 31-ви август се затвора прозорецот во Полска, Финска, Швајцарија и Србија. Во Португалија, пак, ќе имаат право да купуваат само до 18:00 часот во последниот ден од август.

Во Бугарија, Шведска и Норвешка трансфер прозорецот е затворен многу порано од сите, а причината за тоа е што тие имаат побарано од УЕФА да го отворат неколку дена претходно се со цел да се зајакнат клубовите пред стартот на подготовките за евротурнирите.

Неколку земји сепак се фаворизира во однос на ова. Во Турција, на пример, прозорецот се затвора во среда 4-ти септември во 23:00 часот. Во Русија имаат време да купуваат играчи дури до 6-ти септември до 22:00 часот по московско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП