Еден од врвните приоритети и главен дел од компаниската култура на Diners Club Македонија е грижата за здравјето и благосостојбата на вработените и нивните најблиски. Затоа, од почетокот на оваа година, Diners Club Македонија во соработка со Еуролинк Осигурување обезбеди приватно здравствено осигурување за сите свои вработени, за подобрување и зголемување на достапноста до квалитетни здравствени услуги и обезбедување навремена лекарска нега.
„Здравјето, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени се императив за компанија како Diners. Континуирано се стремиме да ги унапредиме условите за работа на нашите вработени, а олеснувањето на пристапот до квалитетни здравствени услуги е нешто коешто веруваме дека е од најголема важност, бидејќи здравјето е секогаш на прво место. Остануваме посветени на поттикнување и негување здрави навики кај вработените, што секако подразбира редовни лекарски прегледи, отсега во време и на место кое за нив е најсоодветно“, изјавија од Diners Club Македонија.

