20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈа тужел компанијата бидејќи работата му била здодевна и добил на суд

Ја тужел компанијата бидејќи работата му била здодевна и добил на суд

Еден човек од Париз ја тужел компанијата во која работел бидејќи работата му била здодевна и се чувствувал како да не ја заработил платата.

Сега компанијата треба да му плати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Во 2014 година, Фредерик Деснар се вратил на работа за францускиот производител на луксузни парфеми Interparfums по седум месеци боледување. Според зборовите на неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад што го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа што го оставила во кома неколку дена, пишува магазинот „Феникс“.

Иако бил вреден работник, по враќањето од боледување компанијата наводно целосно го запоставила. Своето време го трошел работејќи за претседателот на Interparfums. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му било важно дали ќе се појави на време, четири години, пренесува Вечерњи лист.

„Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен и срамев што не си ја заработив платата а ја добивав. Имав впечаток дека сум невидлив во друштвото“, изјави Фредерик Деснар пред судот.

Виктор Билбо, адвокатот на Деснар, рече дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во одбраната тврдеа дека Деснар никогаш не кажал ништо за тоа дека му е досадно.

Во 2020 година Деснар поднесе тужба до судот за работни односи и бара отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдеше дека Деснар никогаш не поднел жалба, судот се согласи дека „занемарувањето е форма на вознемирување“, а пресудата беше потврдена од Апелациониот суд во Париз на крајот на 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП