26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто да јадете за да го зајакнете организмот ако имате омикрон?

Што да јадете за да го зајакнете организмот ако имате омикрон?

Ако и вие, како и многумина, сe најдовте на мета на омикрон, важно е да знаете како да го зајакнете телото. Голема улога во тоа има и храната што ја јадете, а би било добро да вклучите дел од ова во вашето мени.

Јогурт

Една од најдобрите намирници што можете да ги јадете ако имате омикрон е јогуртот. Мек е, ладен и добар за грлото, а полн е со протеини. Во него можете да додадете и ситно сечкана банана, бидејќи е полна со калиум.

Сладолед

Разладува и лесно се голта и ќе ве засити. Сладоледот содржи гликоза и протеини, па нема да ослабете многу доколку немате апетит.

Пијалоци со електролити

Течноста е важна и секогаш е добра идеја да внимавате на вашите електролити, особено ако вашите симптоми се повраќање и/или дијареа. Ако ги пиете овие пијалоци со овие симптоми, одржувате нормално ниво на калиум и натриум во телото.

Супа

Супите се полни со електролити. Доколку имате апетит, добро е да јадете супа со некој извор на протеини и зеленчук.

Протеински шејкови

Овие препарати се благи и лесни за голтање, а полни се со протеини кои му се потребни на телото за борба против инфекцијата.

Јадете го овој вид зеленчук

Ако имате апетит, јадете зеленчук како брокула, зелка и прокељ. Сите овие намирници се полни со хранливи материи кои ви се потребни.

Болоњезе

Кога вирусот ќе почне да слабее, апетитот може нагло да ви се зголеми и ќе имате желба да јадете се што е пред вас. Добар избор тогаш се тестенините со сос од месо. Можете да изедете чинија тестенини и малку да го подигнете нивото на шеќер во крвта, но не претерувајте. За да го направите оброкот изедначен, додадете малку сос од месо.

Што е со цитрусите?

Иако изгледа како добра идеја затоа што тие се полни со витамин Ц, можеби не е паметно бидејќи ова се кисели намирници кои тешко ќе ги голтнете ако ве боли грлото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП