8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAмериканска банка ги отпушта своите невакцинирани вработени

Aмериканска банка ги отпушта своите невакцинирани вработени

Американската инвестициска банка „Citigroup“ ќе започне со примена на политиката „без вакцина нема работа“ на 14-ти јануари, објави „Reuters“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

За ваква политика во банката првпат се разговараше во октомври минатата година.

Банката е првата голема институција од Волстрит која спроведува таква политика. Мерката е во контекст на желбата на финансиската индустрија да ги врати своите вработени во канцелариите и покрај ширењето на многу заразната верзија омикрон.

Од банката сметаат дека дојде време да почнат да ги следат инструкциите на администрацијата на претседателот Џо Бајден, барајќи од сите државни службеници да бидат целосно вакцинирани, бидејќи владата е „голем и важен“ клиент на „Citigroup“, посочува шефот на одделот човечки ресурси во банката, Сара Вехтер во објава на „LinkedIn“.

Од „Citigroup“ наведуваат дека ќе дозволат исклучоци од медицински, верски и други причини, а секој случај ќе се разгледува поединечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП