19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПред 100 години во САД имало седум пати повеќе банки

Пред 100 години во САД имало седум пати повеќе банки

Бројот на банки во Соединетите Држави е намален речиси седум пати во последните 100 години.

Ова го покажуваат податоците од студијата на Федералните резерви на Сент Луис.

Најголем број банкарски институции во САД имало во 1921-ва година – вкупно 30.456. До крајот на 2020-та година тие веќе биле 4.377, што е пад од 86% во текот на минатиот век.

Првиот голем пад на бројот на активни банки во земјата беше забележан за време на таканаречениот „банкарски празник“ во 1933-та година, среде „Големата депресија“.

Целта е да се стабилизира банкарскиот систем и да се врати довербата на штедачите во финансиските институции. На крајот, тоа беше постигнато, но по цена на напуштање на многу учесници на пазарот поради нивната ограничена ликвидност.

„Продолжува долгорочниот тренд на намалување на бројот на деловните банки. Неуспесите на банките сега се многу поретки, но создавањето нови банки е исто така незначително. Во меѓувреме, спојувањето на банките продолжува со рекордно темпо“, рече главниот економист и потпретседател на Федералните резерви на Сент Луис, Вилијам Еманс.

Според него, во моментов консолидацијата во банкарскиот сектор е една од главните причини за намалениот број на финансиски институции.

Во 1984-та година, бројот на банки во САД беше околу 14.500.

„Од 1984-та до 2020-та година бројот на банки се намалил за 70%. Повеќе од 10.000 банки „исчезнале“ во овој период, но падот во ниту една година никогаш не бил повеќе од 600 банки или 5% од вкупниот број, односно трендот е постепен, но постојан пад во проценти“, додаде Еманс во својата анализа.

Голем број банки банкротираа во 1980-тите и раните 1990-ти, како и за време на финансиската криза 2007-2009. Овие банкротства во голема мера беа неутрализирани со влезот на новоотворените банки. Но, и банкротите и создавањето нови банки се незначителни од 2015-та година. Сепак, бројот на комерцијални банки продолжува да опаѓа, при што трендот е поттикнат главно со зголемување на спојувањата и превземањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП