Ако уживате во вкусот на сокот од домати, овој експеримент многу ќе ви се допадне…
Тајванските научници спроведоа истражување со цел да го откријат точното дејство на сокот од домати на човековиот организам.
Истражување
Во текот на истражувањето, жени со различна возраст, тежина и потекло во текот на два месеци секој ден пиеле чаша сок од домати.
Тие не ги менувале своите прехрамбени навики, а веќе по неколку дена воочиле загуба на килограмите.
Експертите истакнувааат дека не се работи за вообичаено губење на течностите од организмот, туку дека станува збор за топење на масни наслаги. Учесничките во овој експеримент загубиле во просек по 1,6-2 см во половината, имале ниско ниво на холестерол и зголемено ниво на ликопен во крвта, антиоксидант кој поволно влијае на здравјето.
Бенефити од доматите
Доматите имаат многу малку калориии, 0,35 л сок од домати има само 80 калории, богат е со натриум, калциум, калиум, магнезиум, витамините Б, Ц и А. Поради високиот удел на ликопен – антиоксидант кој е важен за нашето тело, научно е докажано дека сокот од домати може да го спречи и развојот на канцерогени клетки, а исто така ги чисти крвните садови и спречува појава на бројни болести на срцето.
Овој сок поттикнува создавање на црвени крвни клетки, го намалува крвниот притисок, спречува тромбоза, ја регулира работата на црниот дроб, панкреасот и жолчката. Консумирајте само домашен сок од домати кој ќе си го подготвите вие самите, не го користете оној кој се нуди во продавниците бидејќи содржи конзерванси и многу шеќер.
Сокот од домати можете лесно да го подготвите од варени или свежи домати, така што ќе ги изблендирате со блендер.