26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија ќе потроши 15.5 милијарди евра за Мундијалот

Русија ќе потроши 15.5 милијарди евра за Мундијалот

rusijaa fudbal

Русија ќе потроши повеќе од 100 милијарди рублји (2.3 милијарди евра) за изградба на седум стадиони од вкупно 12 на кои ќе се играат натпреварите од светското фудбалско првенство во 2018-та година.

Руската влада ја задолжи јавната компанија „Sport Engineering“ за изградба на новите стадиони во Волгоград, Нижни-Новгород, Самара, Саранска, Калинград, Ростов и реконструкција на стадионот во Екатеринбург.

Сите фудбалски храмови ќе имаат капацитет од 45.000 места.

Петте други стадиони кои се наоѓаат во Москва, Санкт Петерсбург, Сочи и Казан, некои од нив се веќе подготвени. Стадионот „Лужники“ во Москва на кој ќе се игра првата средба од првенството и финалниот натпревар, исто така ќе биде реконструиран.

Русија ќе потроши вкупно 15.5 милијарди евра за ораганизација на СП 2018, што е скоро двојно повеќе од пресметките кои во 2010-та година ги најави тогашниот премиер Владимир Путин.

Покрај стадионите, вложувања се предвидени и за изградба на аеродроми и хотели, како и подобрување на патната инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП