20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Меси е гениј, тој што вели дека мора да трча не знае...

„Меси е гениј, тој што вели дека мора да трча не знае ништо за фудбалот“

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, ги нарекол лаици сите критичари на Лионел Меси. Аргентинецот, во финишот на преодниот рок пристигна во Париз како големо засилување. Според многумина неговата форма не е на нивото од Барселона.

„Ако почнете да водите дебата за Меси, тоа го правите поради тоа што не знаете ништо за фудбалот. Ако ги погледнете неговите бројки во првите шест месеци, тие се неверојатни. Тој и Мбапе учествувале во речиси сите наши голови. Тој е клучен играч за нас“, рекол Леонардо и одговрил на критиките дека Меси не трча доволно.

„Кој вели дека тој на секој натпревар треба да истрча 12 километри? Тој 20 години не го менува стилот. Тоа се менува само кога е опкружен со нови соиграчи. А тој е гениј, поради тоа и знае да се прилагоди“, заклучил Леонардо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП