17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБараат човек кој ќе го обиколи светот за 100.000 долари

Бараат човек кој ќе го обиколи светот за 100.000 долари

svet

Туристичкиот портал „CNTraveler“ објави оглас за работа, со кој бара човек со авантуристички дух, кој е подготвен да го обиколи светот, а притоа ќе заработи 100.000 долари.

Звучи премногу убаво, но е вистина. Атрактивниот оглас веднаш го привлече вниманието на голем број ентузијасти кои не се задоволни од сегашната работа. Станува збор за патување, кое ќе трае најмалку една година.

Се што се бара од кандидатите е да прават фотографии и да пишуваат статии за местата кои ги посетуваат.

Работодавците ги сносат сите трошоци за патувањето и на крајот плаќаат 100.000 долари. Рокот за пријавување е 15 септември, а сите заинтересирани треба да направат свое видео со времетраење од една минута. Од сите кандидати ќе бидат избрани 50 полуфиналисти, од кои петмина ќе стигнат до финалната трка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП