17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle отвори нов погон за пици

Nestle отвори нов погон за пици

nestlepici1

Најголемата прехрамбена компанија во светот „Nestle“, отвори нов погон во фабриката за замрзнати пици „Wagner“ во Германија, вреден 50 милиони евра.

Со оваа инвестиција зголемено е производството на „Wagner“, вклучувајќи ги брендовите „Big Pizza“, „Piccolinis“ и „Die Backfrische“, а отворени се и 50 нови работни места, се наведува во соопштението на компанијата.

Според зборовите на главниот директор за технолошки операциии на компанијата, овој погон е најсовремениот погон за производство на замрзнати пици во Европа.

Оваа инвестиција е дел од постојаните настојувања на компанијата „Nestle“ да ја зајакне својата стручност во областа на замрзнатите јадења.

Оваа година компанијата најави и инвестиции од речиси 40 милиони евра во истражувањето и развојот во сегментот на замрзнатата храна во Соединетите Американски Држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП