28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате цврста, убава и густа коса? Направете ја оваа маска!

Сакате цврста, убава и густа коса? Направете ја оваа маска!

Низ годините квалитетот на косата опаѓа, па во такви ситуации секогаш е подобро да се завртите кон природните препарати.

Косата е еден од најубавите украси за секоја жена. Како што поминува врмето, би требало што повеќе да се грижиме за неа, бидејќи квалитетот и опаѓа и брзо се оштетува.

Во таква ситуација секогаш е подобро да се завртите кон природните проверени препарати. Еден од нив е и оваа маска, а за нејзината подготовка се потребни само три состојки: 2 лажици рициново масло, жолчка и лажица мед.

Постапка: Помешајте ги состојките, па со добиената маска најпрвин масирајте го коренот од косата, а потоа преостанатата количина нанесете ја на остатокот од косата. Завиткајте ја главата во кеса и оставете ја да отстои 2 до 4 часа. Измијте ја вообичаено со вашиот шампон.

Постапката повторувајте ја еднаш до два пати неделно во текот на три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП