26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо солзи во очите Агуеро замина во пензија

Со солзи во очите Агуеро замина во пензија

Аргентинскиот фудбалер, Серхио Агуеро, поради здравствени проблеми ја заврши професионалната кариера. Агуеро ова го објави на прес конференција организирана од страна на неговиот клуб, Барселона.

Агуеро, се пожали на проблеми со дишењето, на 30.октомври, во текот на натпреварот со Алавес. Деталните прегледи открија дека тој има срцева аритмија. По препорака на лекарите ја заврши кариерата.

„Здравјето секогаш е на првото место. Медицинскиот тим ми препорача да ја завршам кариерата. Ова е тежок момент за мене, но среќен сум што ја донесов оваа одлука. Ја напуштам Барселона, ставам крај на кариерата“, рече Агуеро.

„Горд сум на мојата кариера. Од петтата година сонував дека ќе играм фудбал. Сакам да им се заблагодарам на Индепендиенте, на Атлетико Мадрид кој ме доенсе на 18-годишна возраст, на луѓето од Сити кои знаат како се чувствувам и секако на Барселона. Знаев дека доаѓам во еден од најдобрите клубови во светот. Им благодарам на сите во репрезентацијата на Аргентина, која ја сакав најмногу. Им благодарам на соиграчите кои ми помогнаа да напредувам. Им благодарам на навивачите. Заминувам со крената глава, среќен. Не знам што ме чека во животот, но знам дека околу мене се луѓе кои ме сакаат“.

Агуеро во кариерата настапувал за Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Барселона. Во кариерата одиграл 663 натпревари, постигнал 379 голови и забележал 118 асистенции. Со 260 голови тој е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити. Минатото лето со Аргентина ја освои Копа Америка. Дресот на Аргентина го носел на 101 натпревар, постигнал 41 гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП