28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПлановите на ПСЖ до крајот на преодниот рок

Плановите на ПСЖ до крајот на преодниот рок

psg-porto

Шампионот на Франција ПСЖ има намера да е активен во последните денови на трансфер прозорецот. Според весникот „Le Parisien“ екипата од Париз ќе се обиде да доведе тројца нови фудбалери до 2-ри септември, кога завршува периодот за нови засилувања.

Во секој случај приоритет е десен бек, каде поранешниот капитен Кристоф Жале нема конкуренција, а вториот избор е замена за Грегори ван дер Вил кој речиси со сигурност ќе го напушти клубот, откако не се најде во плановите на Лоран Блан за натпреварите. Приоритет за купување на таа позиција е друг Холанѓанец, Рикардо ван Рин од Ајакс. 22-годишниот играч се наметне како стартер и во националниот тим на својата земја и импресионира со настапите во клубот. Друга опција за десен бек е Бакари Сања од Арсенал, но во моментов „топџиите“ не се подготвени да се разделат со играчи, затоа што бараат нови засилувања.

Лоран Блан исто така сака домашниот играч. Според медиумите во земјата Јоан Кабала од Њукасл е меѓу листата на тренерот. Но тој исто така е мета на Арсенал, а англичаните испратија понуда за играчот во вредност од 10 милиони фунти, која беше одбиена. Од ПСЖ се подготвени да понудат 20 милиони евра, но според „Le Parisien“ самиот играч сака да премине на „Емирати“, бидејќи кај „светците“ ќе има помалку шанси за докажување во присуство на Тиаго Мота, Марко Верати и Блес Матуиди.

Третата позиција, на која Французите бараат засилување е лево крило. Хавиер Пасторе не секогаш се претставува во најдобро светло и од клубот сакаат да ги зајакнат конкуренцијата. При евентуално привлекување на Герет Бејл од страна на Реал Мадрид, ПСЖ ќе направи напор да го купат Анхел ди Марија, кој ќе се најде меѓу резервите на кралскиот клуб. Друга опција за лево крило е Нани од Манчестер Јунајтед, кој е пред напуштање на „Олд Трафорд“. Човекот кој се занимава со трансферите на ПСЖ по заминувањето на Леонардо – Жан-Клод Блан се врати од одмор во почетокот на неделата и веднаш почна да работи на селекцијата. Неговиот прв чекор беше да ја врзе младата италијанска надеж Марко Верати со нов договор, а сега се очекува да се активира и во привлекувањето на нови играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП