26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден: Гласот ми е засипнат поради настинка, сè е во ред(ВИДЕО)

Бајден: Гласот ми е засипнат поради настинка, сè е во ред(ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден денеска рече дека неговиот засипнат глас е последица на настинка што настапила по контакт со внукот и додаде дека секој ден се тестира на Ковид-19.

Тој денеска одржа говор за економијата со заспинат глас и имаше напади на кашлање, што го поттикна еден од новинарите да го праша претседателот за неговото здравје.

„Добро сум. Секој ден се тестирам на Ковид-19. Ова го добив од мојот внук, кој е една и пол година, а кој сака да му дава бакнежи на својот дедо. Се работи за обича настинка“, додаде тој.

Американскиот претседател минатиот викенд го помина со семејството кога во Америка се славеше Денот на благодарноста.

Здравјето на Џо Бајден, со оглед на тоа што тој е најстариот претседател некогаш избран во САД (79), привлекува особено внимание.

Пред две недели тој беше подложен на систематски преглед, чии резултати ги објави Белата куќа, а неговиот лекар заклучи дека е во добро здравје.

САД стравуваат од зголемување на случаите на Ковид-19 со доаѓањето на зимата и ширењето на новата омикрон-варијанта на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП