28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ бележи рекорден тримесечен профит поради скапиот гас

„Газпром“ бележи рекорден тримесечен профит поради скапиот гас

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ забележа рекорден квартален профит од 581,8 милијарди рубљи (7,8 милијарди долари), поради високите цени на гасот во Европа, се наведува во финансискиот извештај на компанијата за третиот квартал од годината. Очекувањата се за уште подобри резултати во последните три месеци од годината.

Во првите девет месеци од годината, приходите од продажба на гас надминаа 6,7 трилиони рубљи (90,2 милијарди долари), достигнувајќи 2,4 трилиони рубљи само во Европа. Испорачаните волумени на европските клиенти се 176 милијарди кубни метри. За споредба, во истиот период во 2020-та година, „Газпром“ на своите европски клиенти им испорача 154 милијарди кубни метри, а приходите од тоа достигнаа 1,1 трилиони рубљи.

Просечната цена по која „Газпром“ продава гас во Европа во првите девет месеци од оваа година беше 238 долари за 1.000 кубни метри, во споредба со 122 долари една година порано.

Само во третиот квартал од 2021-ва година, просечната продажна цена на руската компанија во Европа достигна 304 долари за 1.000 кубни метри, или 2,6 пати повеќе од минатата година, се вели во изјавата на заменик-шефот на компанијата Фамил Сагидов, објавена на веб-страницата на „Газпром“.

Проектната компанија, која управува со „Северен тек 2“, подружницата на „Газпром“, „Nord Stream 2 AG“, не се откажа од спорот со Европската комисија околу примената на измените на Директивата за гас на гасоводот, додаде ТАСС. Документот предвидува дека операторите на цевководните мрежи мора да бидат независни од компаниите за природен гас, а 50% од капацитетот на гасоводот мора да биде резервиран за алтернативни набавки.

Со промените од 2019-та година, Директивата за гас сега ги опфаќа и морските гасоводи. Приговорот на „Газпром“ е поврзан со датумот на воведување на новите правила – во тоа време изградбата на „Северен тек 2“ веќе била започната и руската гасна компанија тврдела дека проектот треба да биде „статус кво“.

„Газпром“ веќе ја загуби правната битка во Германија за случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП