26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ги објави номинираните за најдобри во 2021

ФИФА ги објави номинираните за најдобри во 2021

ФИФА ги откри номинираните за наградите Бест 2021 за најдобрите во годината која изминува, а победникот ќе биде откриен на онлајн церемонија на 17 јануари 2022 година.

За наградата за најдобар фудбалер на светот се номинирани Карим Бензема (Реал М), Кевин де Брујне (Манчестер с.), Кристијано Роналдо (Манчестер ј.), Роберт Левандовски (Баерн М.), Лионел Меси (ПСЖ), Нејмар (ПСЖ), Ерлинг Халанд (Борусија Д.), Жоржињо (Челси), Н’Голо Канте (Челси), Килијан Мбапе (ПСЖ) и Мохамед Салах (Ливерпул).

Кандидатите се избрани од експертски панели во женскиот и машки фудбал, меѓу кои Тим Кејхил, Давид Трезеге, Алекси Лалас во машка конкуренција и Ениола Алуко, Ема Бирн и Марта Техедор кај дамите.

Јавното гласање во секоја категорија ќе бидат отворени до 10 декември 2021.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП