26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаде ќе гостуваме во март? Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Шведска или Велс

Каде ќе гостуваме во март? Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Шведска или Велс

По крајот на квалификациите за Светското првенство во Европа, Македонија ја има историската шанса првпат да игра во бараж за пласман на Мундијалот, но патот е тежок, а противниците многу опасни.

Бидејќи УЕФА ги смени правилата за пласман на СП за овој циклус, сега како второпласирани во групата ќе мораме да победиме во два меча во март ако сакаме да одиме во Катар. Бидејќи не сме носители, односно репрезентации кои биле второпласирани освоиле повеќе поеи од нас, првиот меч го играме на гости со еден од следните противници: Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Шведска или Велс.

По ова полуфинале следува друг меч со уште еден противник од баражот, но овојпат ќе има ждрепка каде ќе се игра мечот. Дуелите ќе се играат на крајот на март.

Португалија и Италија, секако се најопасните противници во оваа група на репрезентации, Шведска го има Златан Ибрахимовиќ, Русија секогаш е незгодна, така што можеби најдобар избор би биле островските репрезентации на Велс или Шкотска. Ждрепката е на 26 ноември.

Што мислите вие?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП