28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрва голема нарачка за „Airbus“ од почетокот на пандемијата

Прва голема нарачка за „Airbus“ од почетокот на пандемијата

Производителот на авиони, компанијата „Airbus“ ја доби својата прва нарачка од големи размери од почетокот на пандемијата на коронавирусот, пишува „CNBC“.

Инвестицискиот фонд „Indigo Partners“ од САД нарача 255 нови авиони од моделот „А321“. Компанијата има удели во неколку авиокомпании – вклучувајќи ги „Wizz Air“, „American Frontier“, како и „Volaris“ и „Jetsmart“.

Двете страни не дадоа информации за вредноста на договорот, но познавачите на овој сектор велат дека станува збор за неколку милијарди долари.

Нарачката е многу добар сигнал дека компанијата може да „застане на нозе“, коментираше извршниот директор на „Airbus“, Гијом Фори, додавајќи дека ќе овозможи планирање на производството додека компанијата ја надминува кризата со коронавирусот.

Барањето беше упатено за време на саемот во Дубаи, која се одржува во многу тешко време за овој сектор. Патувањето низ светот е сериозно ограничено поради пандемијата, а внимателното отворање започна само некое време. Пред само неколку дена, САД почна да прима Европејци на своја територија, потсетува „CNBC“.

Се очекува во блиска иднина да бидат вратени нарачките на производителите на авиони. Се очекува дека и „Boeing“ ќе добие слични нарачки за време на саемот.

Коронавирусот промени многу се, признава Фори, но додава дека климатските цели исто така влијаат на нарачките на авиокомпаниите. Пред да биде нарачката договорена, 200 земји успеаја да постигнат компромис за користење на јаглен за време на климатската конференција во Глазгов.

Не сите недвосмислено ги прифаќаат резултатите од двонеделните преговори за време на COP26. За Фори, сепак, преземените чекори се клучни. Тој коментира дека „Airbus“ сака да биде лидер во декарбонизацијата на воздухопловната индустрија.

Според компанијата, првите авиони кои ќе користат водород како гориво ќе летаат од 2035-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП