28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа докапитализација на Босна Банк Интернационал нови 15 милиони евра

За докапитализација на Босна Банк Интернационал нови 15 милиони евра

bosnabank1

Босна Банк Интернационал (ББИ) вчера објави дека акционерите на оваа банка – Исламската развојна банка (ИДБ), Дубаи Исламик Банк и Абу Даби Исламик Банк, одлучиле да ги зголемат своите улоги и да уплатат нови 15 милиони евра за докапитализација на ББИ.

„Инвестицијата на акционерите во ББИ е најголемата инвестиција во финансискиот сектор во БиХ во 2013 година, а одлуката за докапитализација е потврда и поддршка за стабилниот раст и продолжението на силната експанзија на пазарот на Босна и Херцеговина. Новиот капитал ќе и овозможи на ББИ во наредниот период двојно да го зголеми обемот на финансирање, со што ББИ двојно ќе ја зголеми својата позиција во сегментот на банките со средна големина на босанскиот банкарски пазар. Во наредниот период ББИ ќе продолжи со стратегијата на раст, а до крајот на годината има намера да отвори уште три филијали“, изјави директорот на ББИ Амер Букевич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП