19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвонреден двоцифрен раст и рекорден број на донации во деловната 2020/21 за...

Извонреден двоцифрен раст и рекорден број на донации во деловната 2020/21 за dm drogerie markt

Компанијата dm drogerie markt во деловната 2020/21 оствари промет од речиси 1.4 милијарди денари, со што бележи раст од 31,3%. Со ваков позитивен биланс компанијата ја заврши својата 9-та деловна година на македонскиот пазар. Најголемиот дрогериски ланец во Европа, покрај континуираниот раст, оваа година ја одбележа и со рекордна сума на хуманитарни донации од 4,8 милиони денари. Со ова, dm drogerie markt не само што го потврдува епитетот на една од најуспешните, туку и на една од најпосветените општествено-одговорни компании.

Во деловната 2020/21 година, dm ја прошири својата продажна мрежа со 2 нови дрогерии во 2 нови градови во нашата земја, со што, моменталниот број на продажни објекти на dm изнесува 20 дрогерии во 9 градови. Покрај 12-те дрогерии во Скопје, купувачите можат да ги уживаат производите и услугите на најголемиот европски дрогериски ланец и во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид. Дополнително, во оваа деловна година, компанијата инвестираше речиси 55 милиони денари во модернизација на постоечките и отворање на нови продажни објекти. Со ова, дрогерискиот ланец продолжува да ја оправдува довербата на своите купувачи, што се потврдува и преку резултатите од online анкетата на компанијата спроведена оваа година,  на која повеќе од 95% се изјасниле дека го доживуваат dm како безбедно место за пазарување во текот на пандемијата, а повеќе од 85% чувствуваат дека купувачот е на прво место.

Меѓу другото, деловната 2020/21 година за компанијата донесе и успешни резултати на ниво на целиот dm концерн, со остварен вкупен промет од 12,26 милијарди евра. Во месец мај 2021 година, dm drogerie markt се прошири во уште една земја во Европа. Полска стана член на dm „семејството“, како 14-та земја во концернот. Покрај тоа, бројот на продажни објекти на ниво на Европа се прошири на 3.862, а бројот на вработени во концернот достигна повеќе од 66.000.

Посебна гордост за нас, како успешна и општествено-одговорна компанија, претставува фактот што од година во година успеваме да потврдиме дека нашите резултати се постигнати благодарение на нашите напори, да направиме сѐ за купувачите да се чувствуваат задоволно, вистински да помагаме во заедницата во која живееме и делуваме, како и создавањето на хармонично работно опкружување со можност за личен и професионален развој на сите вработени.

Водени од филантропскиот принцип, кој е длабоко вкоренет во нашата компанија, ќе се стремиме да ја искористиме нашата позиција на пазарот за создавање на подобро место за живеење за сите нас. Ќе продолжиме да работиме на наше постојано надминување во сите сфери и да создаваме поповолна социјална и деловна клима, служејќи како пример за успешно работењеизјави Весна Стојановиќ, директорка на dm drogerie markt во Северна Македонија и Србија.

dm дрогерии Богат асортиман на едно место

Комплетната понуда на dm опфаќа повеќе од 14.500 производи, со што овие дрогерии на своите купувачи им нудат совршена можност за пазарување сè на едно место.

Во нашата земја, dm е препознаен како приоритетен ланец за снабдување, поради значајните производи кои ги има во својот асортиман. Во прв ред тука спаѓаат прехранбените намирници, органската храна  и производите наменети за купувачите со специфични диететски потреби. Покрај тоа, dm нуди бројни други производи во рамките на својот асортиман за нега и исхрана на бебиња, како и производи за дезинфекција и хигиена во домот, нега и убавина, природна козметика, додатоци во исхрана, храна за домашни миленици и др.

Дрогерискиот ланец е најголемиот понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар, со повеќе од 4.000 производи. Висококвалитетни, но и ценовно достапни брендови, како Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit, како и многу други, гарантираат идентичен квалитет на производите во сите земји, каде dm е присутен на пазарот.

Кога е во прашање македонскиот пазар, dm, со повеќе од 300 производи од сопствената марка- dmBio, претставува најголем понудувач на органска храна.

Со цел да одговори на потребите на купувачите во тековната Covid пандемија, dm континуирано го проширува својот асортиман и вложува напори за обезбедување стабилна понуда и испорака на производите за лична и дезинфекција во домот и заштитни маски.

Поддршката на домашните производители беше во фокус на асортиманскиот развој на компанијата и во оваа деловна година. Така, на полиците во dm, купувачите може да пронајдат повеќе од 500 производи од домашно производство од различни асортимани.

Традиционално со поддршка за заедницата: Рекордна сума на донации

Дрогерискиот ланец континуирано пружа поддршка во средината во која делува. Како неоспорен доказ за тоа е и рекордната сума на донации кон најразлични институции и организации во земјава, која беше реализирана во изминатата деловна година. Во оваа фискална година, dm донираше повеќе од 4,8 милиони денари во најразлични општествено-одговорни активности, во форма на производи од својот асортиман и купување на неопходна опрема.

Помеѓу другото, dm реализираше донации во износ од над 4 милиони денари како поддршка на здравствениот систем во нашата земја. Преку традиционалната кампања Giving Firday“, по повод Black Friday наместо попусти, dm донираше 5% од својот остварен промет на тој ден, односно 245.000 денари за обезбедување на храна и оброци за социјално загрозени сограѓани. Преку отворање и реотворање на свои дрогерии, dm донираше повеќе од 380.000 денари, како помош на повеќе социјални институции.

Како дополнителна поддршка на нашиот здравствен систем, dm обезбеди 2 респиратори во вредност од 36.600 евра, кои беа донирани во Министерството за здравство, кое согласно потребите, оваа донација ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.

Уште „позелени“ во новата деловна година

Компанијата dm важи за ланец кој промовира одржливи стандарди на работење, како преку разни проекти, така и преку својата понуда на алтернативни еколошки производи. Тука спаѓаат бројни производи со еколошки амбалажи, еколошки прифатливи состојки и рециклирани и рециклирачки амбалажи.

Со лансирањето на новата линија на производи неутрални за животната средина – Pro Climate, dm оваа година направи голем чекор напред на ова поле. Во еден, засега единствен и уникатен процес, dm разви нови производи, кои не само што се неутрални за климата, туку се неутрални за животната средина, бидејќи се произведени со најмал можен еколошки отпечаток, а притоа компензираат пет неизбежни ефекти врз животната средина: емисии на CO2, еутрофикација, закиселување, фотохемиски смог и оштетување на озонската обвивка.

Покрај тоа што преку својот асортиман тежнее да постави „зелени“ стандарди, dm континуирано работи и на едукација на своите вработени и купувачи кога е во прашање пазарувањето на рециклирани производи, дополнски пакувања, рециклирање на пластичните пакувања, употреба на трајни торби со гаранција за цел живот, која претставува алтернатива на пластичните кеси и многу други аспекти од одржливото пазарување.

dm drogerie markt е првата компанија на нашиот пазар, која во октомври 2019 година, целосно ги повлече од употреба пластичните кеси за една употреба, а притоа, на своите купувачи им понуди алтернативни решенија, како хартиени кеси, повеќекратни торби и торби од 100% органски памук.

Како дел од повеќегодишната зелена кампања „трајна торба за цел живот“ компанијата години наназад нуди можност за бесплатна замена за секоја оштетена памучна торба купена во dm. Со ова се цели кон намалување на потребата и употребата на пластичните кеси за една употреба, а со тоа и кон почисто и подобро „утре“ за новите генерации.

Еколошката свест на компанијата се потврдува и преку употребата на FSC сертифицирана хартија за сите свои печатени рекламни материјали. FSC сертификатот гарантира рационално користење на суровините и избегнување на неконтролирано сечење на шумите, во согласност со утврдените важечки еколошки и социјални стандарди во светот.

Одговорен работодавач – задоволни вработени и купувачи

Личниот и професионален развој, постојаното вложување во унапредување на потенцијалот на своите вработени, како и обезбедувањето на безбедни услови за работа се само некои од бенефитите кои dm го прават одговорен и посакуван работодавач. Принципот „Компаниите постојат за луѓето, а не обратно“ е вистинска водилка во односот на компанијата dm кон своите вработени. 14 атрактивни редовни плати во годината, бројни семинари и обуки, бесплатни проширени систематски прегледи, бесплатни курсеви по германски јазик, активности за подобрување и зачувување на здравјето на вработените се само дел од многубројните бенефити, кои ги ужива секој еден вработен во компанијата.

Со унапредување и дигитализирање на секојдневното работење, компанијата цели кон подобрување на процесот на услужување и советување на купувачите во продажните објекти. Како дел од оваа заложба, компанијата разви своја дигитална платформа „dm-Lernwelt – Свет на учење“ преку која секој вработен може да се информира за актуелните теми, да посетува online курсеви и обуки и да придонесува кон својот личен и професионален развој.  

И за крај – „Човекот е секогаш во центарот на работењето“

Оваа работна филозофија датира од минатиот век, кога всушност е dm и основан, а како што велат од компанијата, секој нареден чекор и нов потфат ќе бидат насочени кон создавање квалитетно опкружување за сите нас и генерациите кои доаѓаат. Затоа, секој успех ќе биде насочен кон луѓето, бидејќи они се основата и суштината на работењето и постоењето на компанијата dm drogerie markt.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП