29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа „Adidas“, проблемите со синџирот на снабдување ќе продолжат и во 2022

За „Adidas“, проблемите со синџирот на снабдување ќе продолжат и во 2022

Компанијата за спортски производи „Adidas“ предвидува дека скапите шокови поради проблемите со синџирот на снабдување ќе продолжат и во 2022 година, откако затворањето на погоните во Виетнам и бојкотот на потрошувачите во Кина ги попречија напорите за лансирање на нови патики и спортска облека во третиот квартал.

Пречките веројатно ќе го забават растот на приходите за околу 400 милиони евра во четвртиот квартал и 600 милиони евра во првите три месеци од 2022-ра година, изјави за новинарите во средата главниот финансиски директор Харм Олмајер.

Акциите на „Adidas“ паднаа за 6,9% во Германија – најголем пад за еден ден во една година, откако производителот на спортска опрема го претстави својот финансиски извештај за третиот квартал со резултати под очекувањата и ја намали прогнозата за бруто-маржата за оваа година.

„Adidas“ се соочува со „сериозни предизвици“ и во понудата и во побарувачката, изјави извршниот директор Каспер Рорстед.

Резултатите се во спротивност со пооптимистичките оценки на конкурентите „Nike“ и „Puma“. Прекините во синџирот на снабдување ги комплицираат напорите на „Adidas“ да имплементира нова петгодишна стратегија фокусирана на е-трговија, одржливи материјали и производи за жени. Растот на продажбата е за 600 милиони евра помал од очекуваниот во последниот квартал.

Најголем дел од изгубените приходи доаѓаат од она што Рорстед го дефинира како нејзина основна дејност – секојдневните обувки, кои се произведуваат во огромни количини.

Меѓу новите предлози, најголем хит беше претставувањето на моделот „NMD-S1“.

„Компанијата ја одржува целта за раст од 8% до 10% за 2022-ра година“, рече Рорстед.

„Очекуваме да ги видиме производите на „Adidas“ под елката. Но, колку побрзо купувате, толку подобро. До крајот на годинава ќе има недостиг од производи“, додаде тој.

„Adidas“ објави 8% помала продажба во Азија и 15% во Кина во третиот квартал на годишна основа. Компанијата очекуваше нејзините фабрики во Виетнам, кои беа погодени од затворање поради Ковид-19, да се вратат на целосно производство до крајот на годината за околу 70% во моментов.

„Очигледно е дека постои јаз во понудата на производи што веројатно ќе има негативно влијание не само на четвртиот квартал, туку и на првите три месеци од 2022-ра година“, рече Јорг Филип Фреј од „Warburg“ во коментар.

Олмајер рече дека „ситуацијата со бојкот“ во Кина покажала постојано подобрување, а „Adidas“ сè уште ја гледа земјата како стратешки регион за раст. Некои потрошувачи во земјата се свртуваат против западните брендови од март, заземајќи став против принудната работа во регионот Ксинџијанг. „Adidas“ ја поддржа иницијативата „Better Cotton“, одбивајќи да го потврди памукот што доаѓа од регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП