25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗелен чај – најздравиот пијалок на планетата

Зелен чај – најздравиот пијалок на планетата

Докажано е дека две до три шољи од овој пијалок дневно можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 31 процент, а дијабетесот за дури 42 проценти.

Богат со антиоксиданти и други состојки корисни за зачувување на здравјето, зелениот чај е најздравиот пијалок на планетата, велат научниците за моќта на делување на оваа билка. Докажано е дека две до три шољи од овој чај дневно можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 31 процент, а дијабетесот за неверојатни 42 проценти.

Состојките присутни во зелениот чај, генерално позитивно влијаат на нервниот систем. Всушност, таканаречените катехински соединенија го подобруваат менталното здравје, спречуваат појава на Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Докажано е, исто така, дека жените кои пијат зелен чај можат да го намалат ризикот од рак на дојка за 22 проценти, а мажите ризикот од рак на простата за 48 проценти. Од друга страна, редовното пиење на зелениот чај го намалува ризикот од рак на дебелото црево за дури 57 проценти и ги уништува бактериите кои доведуваат до кариес и пропаѓање на забите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП