26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ му се одмазди на Медведев за Њујорк со пресврт-триумф во Париз

Ѓоковиќ му се одмазди на Медведев за Њујорк со пресврт-триумф во Париз

Новак Ѓоковиќ по шести пат е победник на Мастерс тенискиот турнир во Париз.

Српскиот тенисер со пресврт со 2-1 (по сетови 4:6, 6:3, 6:3) го совлада Русинот Данил Медведев и на тој начин колку толку му се реваншираше за поразот во финалето на УС опен.

Така Новак стигна до 37-мата Мастерс титула во серијата 1.000 во кариерата, па сега е сам на врвот со една титула повеќе од Рафаел Надал.

Што се однесува до финалниот меч во Париз кој траеше 2 часа и 15 минути, во првиот сет Русинот освои два поени на сервис на Ѓоковиќ, во првиот и во седмиот гем.

Сепак, Ноле во вториот сет заигра поангажирано, па со еден брејк, во четвртиот гем успеа мечот да го однесе во трет, решавачки сет.

Тука, беше егал се до 2-2, но тогаш Ѓоковиќ рутинирано зема сервис на противникот, а до крајот уште двапати направи брејк за голема победа во „градот на светлината“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП