29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛек за опаѓање на косата: Почувствувајте ја моќта на овој домашен препарат!

Лек за опаѓање на косата: Почувствувајте ја моќта на овој домашен препарат!

Загубата на 50-100 влакна од косата дневно се смета за нормално, но се што е повеќе од тоа е алармантно и бара посебна нега…

Мека, здрава и бујна коса е нешто што секој сака, но за жал, опаѓањето на косата и ќелавењето е се почест проблем кај мажите и кај жените.

Постојат многу третмани кои нудат инстант раст на косата, но повеќето од нив немаат ефект, а чинат вистинско богатство.

Затоа ви предложуваме да се завртите кон природата и да направите природен лонсион за раст на косата, кој ефективно и естетски ќе го реши овој непријатен проблем.

Потребни состојки: 1 жолчка, половина банана, половина чаша пиво и 1 лажица мед.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека да се изедначи смесата.

Примена: Нанесете ја оваа маска на проблематичните места на главата и оставете ја да отстои неколку часа. Чувството на топлина на третираното место значи дека маската делува и се апсорбира во дермисот. По неколку часа измијте ја косата на вообичаен начин.

Маската можете да ја употребувате до два пати неделно, за неколку месеци ќе забележите значително подобрување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП