24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Pandora“ ја зголеми прогнозата по растот на продажбата во САД

„Pandora“ ја зголеми прогнозата по растот на продажбата во САД

„Pandora“, најголемиот светски производител на накит во однос на производствениот капацитет, ја зголеми својата прогноза за приходите од продажба и профитната маржа за годината, а како причина за тоа нејзините силни перформанси во третиот квартал.

„Pandora“ имаше корист од отворањето продавници по блокадите во оваа година, а нејзината продажба се искачи над нивото пред пандемијата бидејќи американските купувачи добија силни владини стимулации, а вакцините доведоа до повисоки трошоци за стоки и услуги.

За 2021-ва година, данската компанија очекува меѓу 18 и 20% раст на приходите од органска продажба. Нејзината претходна прогноза беше зголемување од 16-18%. Профитната маржа пред даноци и камата (EBIT) ќе биде 24-24,5% во споредба со претходната прогноза од 23-24%.

„Ковид-19 и невообичаено високиот раст на случаите во Соединетите држави продолжуваат да создаваат голема несигурност за прогнозата“, додаваат од компанијата.

„Pandora“ соопшти дека нејзиниот приход од продажба во третиот квартал достигнал 4,73 милијарди дански круни (734,92 милиони долари), над прогнозите на аналитичарите од 4,67 милијарди круни.

Компанијата објави „EBIT“ од 957 милиони круни, што е повеќе од износот од 917 милиони круни, како што очекуваа аналитичарите. Профитната маржа пред камати и даноци е 20,2%.

Компанијата ќе ги објави своите целосни квартални резултати на 3-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП