7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве како „Audi“ одговори на „Mercedes-Maybach S-Class“ (ФОТО/ВИДЕО)

Еве како „Audi“ одговори на „Mercedes-Maybach S-Class“ (ФОТО/ВИДЕО)

Гласините дека „Audi“ подготвува суперлуксузна верзија на својата лимузина „А8“, која ќе се обиде да му конкурира на новиот „Mercedes-Maybach S-Class“ се покажаа точни. Лимузината ќе се појави под марката „Horch“ и ќе дебитира на автосалонот во Гуангжу (Кина) кон крајот на ноември.

Целосното име на моделот е „Audi A8 L Horch Founder Edition“, а познато е дека е наменет за пазарот во Кина. Седанот добива многу подобрувања во однос на стандардниот „А8“, што би требало да му помогне да се натпреварува со новиот „Mercedes-Maybach S-Class“ во азиската земја.

Како што може да се види од буквата „L“ во името, новата верзија е подолга од стандардниот модел, бидејќи зголеменото меѓуоскино растојание за 130 mm овозможува должина од 5.450 mm. Дополнителниот простор овозможува повеќе простор за патниците на задните седишта, каде сопственикот на автомобилот ќе го поминува поголемиот дел од своето време.

Надворешните подобрувања вклучуваат две специјални бои – сива и зелена, 20-инчни полирани тркала и специјално лого на „Horch“. Дигиталните матрични „LED“ системи на фаровите и „OLED“ на задните светла се стандардни на возилото.

Седанот е придвижуван од 3,0-литарскиот турбо V6 на „Audi“, кој е комбиниран со 48-волтен „мек“ хибриден систем. Моќната единица произведува 340 ks и 500 Nm, во комбинација со 8-брзински автоматски менувач и „quattro“ систем за погон на четири тркала.

„A8 L Horch“ вклучува и „B&O“ аудио систем со 3D и систем за прочистување на воздухот во кабината. Предните и задните седишта нудат осум режими на масажа, како и голем број други технологии. Патниците во вториот ред се сместени на две посебни седишта, кои имаат сопствен екран на инфозабавниот систем, сместен на потпирачот за раце меѓу нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП