Се чувствувате исцрпено и речиси едвај се движите, очигледно е дека ви недостасува енергија. Овие намирници можат да ви помогнат околу тоа прашање, каснете си нешто од нив.
Ореви
Оревите се добар извор на протеин и се сметаат за храна на мозокот – не само поради изгледот на лушпата, туку поради високата концентрација на омега 3 масни киселини. Еден грст ореви дневно несомнено ќе ви го зголеми нивото на енергија.
Црна чоколада
Црната чоколада е полна со антиоксиданти кои се добри за срцето. Исто така содржи кофеин – стимулант кој го држи телото будно и го подобрува метаболизмот.
Банана
Ова овошје е инстант енергетски извор. Огранизмот брзо го обработува шеќерот што го содржи бананата и го претвора во енергија за вашето тело.
Житарици
Житариците се едни од примарните високоенергетски намирници и се комплексни јаглехидрати. Помагаат во контрола на глукозата во крвта и ве држат сити подолго време.
Интегрален ориз
Недостатокот на магнезиум во организмот предизвикува чувство на замор, а кафеавиот ориз е богат со магнезиум како и со сложени јаглени хидрати.
Јајца
Јајцата се богати со протеини, аминокиселинии и омега 3 масни киселини. Сите овие состојки се витални за развој на мускулите, мозокот и градење на имунитетот.
Леќа
Леќата е богата со аминокиселини, протеини, минерали и витамини и може да го замени оризот или тестенините во речиси секој рецепт. Внесете леќа во исхраната и ќе почувствувате зголемување на енергијата.