29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата италијанска авиокомпанија очекува за една година да најде инвеститор

Новата италијанска авиокомпанија очекува за една година да најде инвеститор

„Italia Trasporto Aereo“, наследникот на „Alitalia“ кој е потпомогнат од државата, бара инвестиција од голема авиокомпанија што може да се случи до крајот на следната година, рече претседателот на компанијата Алфредо Алтавила.

Новата италијанска авиокомпанија, која започна со работа во петокот по затворањето на претходникот, е премногу мала за да преживее како самостојна компанија, рече Алтавила.

„Компанијата работи на начин што ја прави привлечена за некои од главните авиокомпании во Европа или друг регион како што се Соединетите држави“, додаде Алтавила.

„Очекувам договорот да биде финализиран до крајот на 2022-ра година. Сигурно не сакам да го одложам овој датум“, рече тој.

Договорот со друга авиокомпанија беше дел од планот откако владата на Марио Драги го избра Алтавила за управување со „ITA Airways“. 58-годишниот извршен директор претходно беше врвен советник на поранешниот извршен директор на „Fiat Chrysler“, Серџо Маркионе. Новото брендирање треба да сигнализира прекин со минатото на „Alitalia“.

„Многу добро се сеќавам колку беа благодарни луѓето во „Chrysler“ кога добија втора шанса“, вели Алтавила. „Искрено се надевам, сакам и верувам дека луѓето што работат со „ITA“ денес разбираат дека им била дадена можноста што ја заслужуваат“, додаде тој.

Алтавила рече дека бил контактиран од сите главни авиокомпании во Европа и американската „Delta Air Lines“. Извршниот директор Ед Бастијан изјави овој месец дека се во тек разговори за можна алијанса.

Германската „Lufthansa“ продолжува да е заинтересирана за трговско партнерство, изјави портпаролката на компанијата. На германската авиокомпанија не и е дозволено да купува повеќе од 10% од друга авиокомпанија додека не ја исплати целата помош за спасување во вредност од 9 милијарди евра, процес што мора да се финализира до крајот на годината.

„ITA“ минатиот месец постигна договор за купување поефикасни авиони „Airbus“, што ќе ги намали трошоците, и се договори доцна во четвртокот да го купи името на „Alitalia“, што гарантира дека ќе има глобално признавање на брендот.

Но, „ITA“ ќе се соочи со силна конкуренција од нискобуџетните авиокомпании како што се „Ryanair Holdings“, „EasyJet“ и „Wizz Air Holdings“ на локални и регионални линии, а големите авиокомпании во Европа и САД доминираат со профитабилните трансатлантски рути.

„За мене е сосема јасно дека оваа компанија не може да преживее сама, дури и ако има извонреден раст на туристичкиот пазар. Големината навистина е важна денес и ќе има значење сѐ повеќе“, рече Алтавила. За „Alitalia“ беше прогласен банкрот, затоа што авиокомпанијата трошеше по 700.000 евра дневно и акумулираше загуби со години. Податоците за вкупниот товар на даночните обврзници од 2008-ма година се движат од околу 10 милијарди евра во времето на спасување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП