26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФејсбук најавува 10.000 вработувања во ЕУ, планира да изгради метаверзум

Фејсбук најавува 10.000 вработувања во ЕУ, планира да изгради метаверзум

Фејсбук, гигантот за социјални мрежи, вчера објави дека ќе создаде 10.000 висококвалификувани работни места во Европската унија во следните пет години за да помогне во изградбата на таканаречениот метаверзум.

Компанијата работи со други за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства со користење технологии како виртуелна и проширена реалност“, или метаверзум, рече шефот за политика и јавни работи на Фејсбук, Ник Клег.

“Метаверзум има потенцијал да помогне да се отвори пристапот до нови креативни, социјални и економски можности. А европејците ќе го обликуваат од самиот почеток”, додаде тој.

„Европа е исклучително важна за Фејсбук“

Клег, поранешниот британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „глас за доверба во силата на европската технолошка индустрија“ и нагласи дека Европа е „исклучително важна за Фејсбук“.

“Освен технолошкиот талент што се појавува, ЕУ исто така има важна улога во формирањето на новите правила за интернет. Европските креатори на политики го водат патот во вградување на европските вредности, како што се слободата на изразување, приватноста, транспарентноста и правата на поединците, во секојдневно работење на интернет “, се вели во соопштението.

Американската компанија е под меѓународен притисок.

Скандал со свиркачите и падот на мрежата

Поранешниот менаџер за производи на Фејсбук, Френсис Хоген, го обвини поранешниот работодавец на почетокот на октомври, меѓу другото, дека не е доволно транспарентен во однос на потенцијалното нанесување на штета.

Фејсбук одговори дека интернетот секојдневно се обидува да најде рамнотежа помеѓу правата за слобода на изразување на милијарди луѓе и безбедна средина за корисниците.

Фејсбук неодамна заврши на насловните страници и поради грешка во системот што доведе до пад на Фејсбук, Ватсап и Инстаграм на околу шест часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП