20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Тепачка“ за потписот на Влаховиќ

„Тепачка“ за потписот на Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе ја напушти Фиорентина. Прашање е само дали тоа ќе се случи во зимскиот или во летниот преоден рок. Српскиот напаѓач одби да го продолжи договорот со „виолетовите“, со што го стави клубот пред свршен чин. Наредното лето, Фиорентина ќе мора да го продаде доколку сака да заработи од неговиот трансфер.

Долга е редот на клубовите кои се заинтересирани за 21-годишниот напаѓач. Минатото лето Фиорентина одби 60 милиони евра од Тотенхем и Атлетико Мадрид. Планираа тимот да го градат околу Влаховиќ, но тој ја одби рекордната понуда од 40 милиони евра за пет сезони.

Италијанските медиуми тврдат дека Влаховиќ, во зимскиот преоден рок, ќе се пресели во Јувентус. Наводно, Јувентус има подготвен пакет, пари плус Дејан Кулушевски за Влаховиќ.

Во игра биле и Манчестер сити и Тотенхем, додека план за Влаховиќ имале и од ПСЖ.

Леонардо, сметал дека Србинот би бил одлична замена за Килијан Мбпапе, кој ќе замине до Париз.

„Ле 10 Спорт“, повикувајќи се на свои извори, тврди дека ПСЖ подготвиле 70 милиони евра, за неговиот трансфер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП