ЗДРАВЈЕ

Како да ги избегнеме настинките и грипот?

Бидејќи навистина е полезна изреката: “Подобро да се спречи отклку да се лечи”, ви нудиме четири едноставни совети како да ги победите настинката и грипот.

Антиоксидансите се клуч за здрави клетки и здрав имун систем

Брусницата, шипките, боровинските и капините помагаат во борба против слободните радикали кои се токсични за нашиот имун систем. Слободните радикали може да ги победите со помош на брокула, карфиол, моркови и спанаќ.

Избегнувајте премногу шеќер во исхраната – го нарушува имуниот систем

Бактериите и вирусите се хранат со шеќери па затоа е подобро да се држите до природните шеќери од овошјето и зеленчукот отколку да конзумирате преработен шеќер вклучително и кафен шеќер.

Намалете го нивото на стрес

Стресот го спречува оптималното функционирање на имуниот систем. Важно е да се соочите со стресот на прав начин. Некои од начините кои ќе ви помогнат се медитацијата или вежбањето јога.

Честа детоксификација

Најважно е да го прочистите црниот дроб, бубрезите и дигестивниот систем, белите дробови и кожата. Ако се одлучите за производи за прочистување на организмот важно е да земате некои кои делуваат на сите овие органи, со цел токсините кои се отстрануваат од црниот дроб на пример, да не се наталожат во бубрезите, туку да се отстранат.