7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајплатените тв-лица во САД

Најплатените тв-лица во САД

licnosti

Симон Кауен и Хауард Стерн го делат првото место во рангирањето на списанието „Forbes“ за најдобро платените личности на американските телевизии.

Во текот на годината што завршува во јуни, Кауен и Стерн имаат заработено по 95 милиони долари. Симон Кауен се искачи за две позиции во споредба со минатата година, а Хауард Стерн за една.

Опра Винфри, која минатата година ја предводеше листата за најплатените телевизиски личности, оваа година го зазема четвртото место со заработка од 77 милиони долари. Пред неа е водителот на ток-шоу, Глен Бек со 90 милиони долари.

Првата петорка се дополнува со водителот на ток-шоу и автор, д-р Фил Макгро со 72 милиони долари. Уште две дами освен Винфри наоѓаат место во Топ 10 на најплатените личности на американските телевизии, Елен де Џенерис и Џуди Шеиндлин кои се рангирани на последните две позиции односно со 56 милиони долари и 47 милиони долари.

Местата пред нив ги заземаат Раш Лимбо со 66 милиони долари, Доналд Трамп со 63 милиони долари и Рајан Сикрест со 61 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП