19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГолтка вредна здравје: Сок од домати

Голтка вредна здравје: Сок од домати

Откријте како една чаша сок од домати во временски период од два месеци може позитивно да влијае на вашето здравје.

Тоа е сценарио кое го поминале испитаници со различна возраст, тежина и потекло, а кои учестувале во истражување кое било спроведено на Универзитетот во Тајван.

Своите прехрамбени навики не ги менувале, а за само неколку дена дошло до видливи промени. Претпоставувате, станува збор за губиток на килограми.

Експертите истакнуваат дека не станува збор за вообичаено губење на течностите од организмот, туку станува збор за топење на масните наслаги. Учесниците во овој експеримент изгубиле во просек 1,6 сантиметри во половината, имале и пониско ниво на холестерол и поголемо ниво на ликопен во крвта, но и антиоксиданси кои поволно делуваат на здравјето.

Доматот има многи малку калории, 0,35 дл сок од домати има само 80 калории, богат е со натриум, калциум, калиум, магнезиум, витамин Б, Ц и А. Поради високиот удел на ликопен – антиоксиданс кој е важен за нашето тело, научно е докажано дека сокот од домати може да спречи и развој на канцерогени клетки, ги чисти крвните садови и спречува појава на бројни болести на срцето.

Овој сок го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца, го намалува крвниот притисок, спречува тромбоза, ја регулира работата на црниот дроб, панкреасот и жолчката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП