4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE затвора централи во Германија и Холандија

RWE затвора централи во Германија и Холандија

rwe

Втората најголема енергетска компанија во Германија „RWE“ ја објави одлуката да затвори голем број на централи во Германија и Холандија и да се насочи кон реструктуирање.

Одлуката е донесена од страна на компанијата како резултат на неповолните резултати во вториот квартал од годината.

„RWE“ работи главно со централи на јаглен, а во вториот квартал од годината забележа пад на оперативната добивка за 27 проценти, па така профитот падна до 715 милиони евра. Компанијата е во загуба, поради одбивањето на земјата на нуклеарната енергија. Од друга страна сонародници на „RWE“, „Е-ОN најавија дека планира да префрлат дел од своите активности во Турција.

Иднината на централите на јаглен и гас е еден од најголемите прашалници околу оваа транзиција, која на крајот би требало за 10 години да ја остави Германија без нуклеарна енергија, а обновливите извори во земјата да обезбедуваат 80 проценти од вкупното производство на електрична енергија до 2050-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП