20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа програмерите на игри, работата од дома е повеќе кошмар

За програмерите на игри, работата од дома е повеќе кошмар

Останувањето дома и играњето видео игри за многумина е фантазија. Но, правењето игри од дома се покажа како кошмар.

Оваа недела, „Electronic Arts“ објави дека ќе ја одложи за еден месец премиерата на долгоочекуваната игра „Battlefield 2042“ до 19-ти ноември. Веста е олеснување за инвеститорите кои слушнаа гласини за уште поголемо одложување. Цената на акцијата на „ЕА“ се зголеми за 1% во последниот ден на берзата, откако претходниот паднаа за речиси 6%, според „Wall Street Journal“.

Во соопштението, „ЕА“ ги обвини континуираните ефекти на пандемијата со Ковид-19.

„Со оглед на обемот на играта, се надевавме дека нашите тимови ќе се вратат во нашите студија додека се упативме кон премиерата“, се вели во соопштението. Четиринеделното одложување не укажува на големи промени со играта. Даг Кројз од „Cowen“ верува дека потегот е повеќе за „конечно полирање“ и елиминирање на некои помали проблеми.

Покрај тоа, „ЕА“ ја задржа својата прогноза за нето резерви за фискалната година што завршува во март, сугерирајќи дека предпродажбата на играта е доволно добра, така што компанијата не очекува промена што ќе доведе до финансиски удар.

Но, овој потег ја одразува суровата реалност за развојот на игри во свет каде што многу техничари се двоумат да се вратат во канцеларија. Големите игри денес имаат буџети и тимови за производство споредливи со оние на холивудските блокбастери. Најновата игра „Battlefield“ за 2018-та година имаше над 3.000 програмери во своите титлови.

Управувањето со такви продукции од далечина е голем логистички предизвик, особено во стресниот момент на прекувремена работа пред премиерата на играта.

Сепак, „ЕА“ не е сама. Минатата недела, „Take-Two Interactive“ соопшти дека „проширената и подобрена“ верзија на нејзиниот блокбастер „Grand Theft Auto V“ е одложена за март, откако се очекуваше да се појави на пазарот на 11-ти ноември.

Медиумот за игри „ING“ посочуваат дека вкупно 40 премиери се одложени од почетокот на годината.

Разбирливо е што инвеститорите сметаат дека таквите одложувања се лоши, особено кога тие доведуваат до значителни промени во продажбата. Но, претставувањето на слабо подготвени големи игри исто така може да биде скапо.

„CD Projekt“ со седиште во Варшава загуби повеќе од половина од пазарната капитализација откако ја претстави својата игра „Cyberpunk 2077“ во декември, која се покажа полна со технички проблеми. Кризата се покажа толку голема што компанијата мораше да им врати пари на потрошувачите.

За развивачите на игри, додавањето уште неколку часа на „Zoom“ е релативно ниска цена, која што треба да ја платат, како враќањето на луѓето на работните места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП