25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ikea“ има проблеми со испораката во Британија поради недостатокот на возачи

„Ikea“ има проблеми со испораката во Британија поради недостатокот на возачи

Мултинационалниот синџир за мебел „Ikea“ им се придружи на голем број компании во Велика Британија кои имаат проблеми со испораката поради недостаток на возачи на камиони по Брегзит и олеснувањето на ограничувањата поради пандемијата.

Сите продавници на „Ikea“ во Обединетото Кралство и Ирска, 22 од нив, имаат тешкотии да испорачаат околу 1.000 линии на производи, што одговара на една десетина од понудата.

„Како и многу други трговци на мало, ние исто така постојано се соочуваме со предизвици во синџирите на снабдување поради Ковид-19 и недостатокот на работна сила, што врши притисок врз транспортот, суровините и ресурсите“, објави компанијата.

На ова мора да се додаде и поголема побарувачка бидејќи се повеќе луѓе поминуваат повеќе време дома, а резултатот е ниската достапност на некои наши производи, вклучително и душеци“, велат од компанијата, додавајќи дека се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри „во наредниот период недели и месеци“.

„Сведоци сме на совршена бура од проблеми, вклучително и нарушување на глобалните трговски текови и недостатокот на возачи, што се влошија од пандемијата и Брегзит“, објаснуваат од „Ikea“.

Пандемијата го наруши глобалниот транспорт на контејнери, а Брегзит исто така предизвика проблеми, влошувајќи го недостатокот на работна сила во голем број индустрии, од транспорт до индустријата за месо.

Владата претходно рече дека „тесно соработува со индустријата за решавање на проблемите во секторите“, пренесува „ВВС“.

Повеќе од 100.000 возачи се водат за „исчезнати“ во Британија, според Асоцијацијата за патен транспорт, бидејќи многу европски возачи на камиони се вратиле дома по воведувањето на пандемиските ограничувања, а потоа барале работа во други земји.

Промените во даночните закони се исто така пречка, што го прави поскапо ангажирањето странски работници, забележува „ВВС“. Логистичките компании бараат владата да им издаде кратка работна виза на возачите на камиони за да го ублажат проблемот.

Владата, од друга страна, инсистира на тоа дека компаниите мора да се потрудат и да најдат работници меѓу Британците.

„Сакаме работодавачите да инвестираат во домашната работна сила во Британија на долг рок и да ја направат работата попривлечна преку обука, можности за работа и повисоки плати“, рече владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП