26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 15 милиони Густаво се сели во Волфсбург

За 15 милиони Густаво се сели во Волфсбург

luiz gustavo

Новиот тренер на „баварците“, Пеп Гвардиола не смета сериозно на Луиз Густаво, па Баерн Минхен го извести Бразилецот дека може да замине од „Алианц Арена“ во летниот преоден рок.

Неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги помеѓу кои Арсенал, Наполи и Волфсбург.

Се говореше дека „топџиите“ ја предводат трката за потписот на Луиз Густаво, но според медиумите од Германија, играчот е на чекор до преселба во Волфсбург.

Медиумите во оваа земја објавија дека репрезентативецот на Бразил одлучил да остане во Бундеслигата и во скоро време ќе пристигне официјална потврда за неговиот трансфер во тимот на Волфсбург вреден околу 15 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП