28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо само неколку рутински навики ќе се збогувате со несоницата засекогаш!

Со само неколку рутински навики ќе се збогувате со несоницата засекогаш!

Страдате од несоница, се будите во текот на ноќта и не можете повторно да заспиете?! Ако се соочувате со ваков проблем, не грижете се постојат неколку начини на кои можете да се решите од неа за многу краток период.

1. Читајте се додека не почувствувате замор на очите, но избегнувајте возбудливи приказни кои можат да ве остават будни цела вечер. При читањето внимавајте на светлото, не смее да биде премногу силно.

2. Избегнувајте да користите телефон или да гледате телевизија, затоа што големи се шансите светлото да не ви дозволи да заспиете убаво.

3. Доколку се пробудите во текот на ноќта останете во вашата лежечка положба, затоа што доколку се исправите и сте во седечка положба тоа вашиот организам ќе го сфати како знак дека сакате да бидете будни.

4. Избегнувајте јадење во доцните часови. Имено, кога јадете непосредно пред да легнете организмот потполно ќе се разбуди додека се справува со варењето на храната.

5. Длабоко дишете и опуштете ги мускулите. Пробајте ја техниката за релаксација со која ќе ги опуштите мускулите. Започнете со мускулите на грбот, така што ќе ги насочите мислите само на тој дел од вашето тело притоа, дишете смирено и длабоко. Опуштањето завршете го со дланките и лицето.

6. Преку денот избегнувајте спиење, затоа што, така ќе го научите мозокот ноќно време да се буди, затоа што ќе биде заситен од одмарање.

Доколку ги практикувате овие навики можете слободно да и кажете збогум на несоницата, засекогаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП