6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Близу" промовира ексклузивни пакети за студенти

“Близу” промовира ексклузивни пакети за студенти

blizu3

Пред почетокот на новата студентска година, телекомуникацискиот оператор “Близу” промовираше пакети, наменети исклучиво за студентската популација во Македонија.

Сите студенти, кои уредно имаат заверено семестар на својот универзитет, ќе можат да станат корисници на супер брзиот интернет со брзина до 10 Mbps/200 GB трансфер за само 599 денари месечно.

Оние студенти, пак, коишто сакаат да ја додадат услугата аналогна телевизија на овој пакет, дополнително треба да доплатат само 100 денари. Исто така, со овие пакети, во одредени реони може да се добие и бесплатна фиксна телефонија, со вклучени неограничени разговори во мрежата на Близу и со најефтини локални, национални и меѓународни разговори. Договорите за студентските пакети се на 10 месеци – соодветни на времетраењето на студентската година во Република Македонија.

Овие пакети се достапни за сите студенти на државниот универзитет, како и од сите приватни универзитети во градовите каде „Близу“ има мрежна покриеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП