23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците тврдат: Еден хот-дог може да ви го скрати животот за 36...

Научниците тврдат: Еден хот-дог може да ви го скрати животот за 36 минути

Научниците од Американскиот универзитет во Мичиген, открија дека конзумирањето на еден хот-дог може да ви одземе 36 минути живот.

Во студијата објавена овој месец во списанието „Nature Food“, истражувачите испитале 5.853 намирници кои најчесто се користат кај американското население. Тие ги измерија ефектите од оваа храна во минути на здрав живот што луѓето би можеле да ги добијат или изгубат.

„Сакавме да направиме здравствена проценка за корисните и штетните ефекти на храната врз целосната исхрана“, изјави за Си -Ен -Ен, Оливиер Џулиет, професор по заштита на животната средина на Универзитетот.

Поентата е во изборот на подобра храна

Ова истражување откри колку време во минути се губи од животот со конзумирање одредена храна.

„На пример, се губат 0,45 минути по грам обработено месо, или 0,1 минута се добива по грам овошје“, вели Џулиет. После тоа, се наоѓаат состојките на одредена храна, а потоа тој број се множи со вредностите на секоја храна што тие претходно ги одредиле.

„Еден од оброците што истражувачите го испитуваа беше стандарден хот-дог. Неговите 61 грама преработено месо резултираа со губење на 27 минути здрав живот, но кога ќе се земат предвид состојките како што се натриум и транс масни киселини, конечната вредност е изгубени 36 минути“, објаснува Џулиет.

Од друга страна, консумирањето храна како ореви, мешунки, морска храна, овошје и зеленчук без скроб, има позитивни здравствени ефекти, покажаа истражувањата.

„Индексот кој го откривме е првенствено таму за да помогне во изборот и користењето на потрошените калории на дневна основа и да придонесе за минимум промени за да се постигнат максимални здравствени и еколошки придобивки“, вели тој.

Поентата е во изборот на подобра храна, а не трошење време на математика, посочува тој.

Што да јадете за да доживеете 100 години?

„Дали е тоа крајната метрика според која ќе знаете што да јадете утре и која ќе го одреди вашиот животен век? Не. Тоа е корисна метрика што може да ви помогне да направите подобар избор“, вели Џулиет.

Сепак, како што рече Марион Нестле, професор по исхрана и јавно здравје на Универзитетот во Њујорк, не е толку едноставно да се пресмета каква храна треба да консумирате за да живеете 100 години.

„Промената на исхраната што вклучува или исклучува каква било храна, веројатно нема да направи голема разлика – се бројат моделите на исхрана (и начинот на живот)“, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП