26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо се збогувал со соиграчите и си заминал од тренинг-комплексот на Јуве

Роналдо се збогувал со соиграчите и си заминал од тренинг-комплексот на Јуве

Португалскиот ас, Кристијано Роналдо не учествувал на тренингот на Јувентус од 10.45 часот утринава.

Претходно, тој, според информациите на италијанските медиуми, дошол во тренинг-комплексот на Јувентус „Континаса“, каде се збогувал од соиграчите и триесетина минути подоцна го напуштил местото.

Информациите се дека Роналдо вечерва ќе отпатува за Манчестер, каде што по прегледите ќе потпише договор со „граѓаните“.

Тој инсистираше да ја промени средината, а од Сити прифатиле да платат отштета од околу 30 милиони евра.

Роналдо три години го носеше дресот на „Старата дама“, одигра 134 натпревари и постигна 101 гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП