4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Maersk“ инвестира 1,4 милијарди долари во осум бродови на метанол

„Maersk“ инвестира 1,4 милијарди долари во осум бродови на метанол

Данската бродска компанија „Maersk“ објави дека нарачала осум големи океански бродови, а кои за погон ќе користат „јаглеродно неутрален метанол“.

Најголемата бродска компанија објави дека пловните објекти ќе бидат изградени од јужнокорејската „Hyundai Heavy Industries“ и ќе имаат капацитет да пренесат околу 16.000 контејнери. Се проценува дека секој од бродовите ќе чини 175 милиони долари, што значи дека компанијата ќе инвестира вкупно 1,4 милијарди долари, пишува „CNBC“.

Во видео порака, Мортен Бо Кристијансен, кој е задолжен за декарбонизација во компанијата, објави дека бродовите „ќе бидат лансирани во почетокот на 2024-та година“. Тој исто така додаде дека откако сите осум бродови ќе започнат со работа и ќе почнат да работат со метанол, тие ќе заштедат еден милион тони јаглерод диоксид годишно.

Од „Maersk“ велат дека трошоците за дизајнирање на бродовите за да можат да се напојуваат со метанол и конвенционално гориво со низок сулфур ќе бидат 10-15% поскапи од нивната вкупна цена. Во договорот на компанијата со „Hyundai Heavy Industries“, постои опција за четири дополнителни пловни објекти во 2025-та година.

И покрај позелената алтернатива, данскиот транспортен гигант признава дека ќе има пречки што треба да се надминат.

„Добивањето соодветни количини на неутрализиран јаглероден метанол од првиот ден ќе биде предизвик, бидејќи бара значително зголемување на неговото производство“, велат од „Maersk“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП