20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталија и официјално доби нова авиокомпнија

Италија и официјално доби нова авиокомпнија

Новата авиокомпанија „ITA“ во петокот доби дозвола за летање од италијанските власти. Тоа е помал наследник на италијанската авиокомпанија „Alitalia“.

Според италијанското Министерство за економија, „ITA“ ќе работи целосно од 15 октомври, а со оваа одлука веќе може да започне со продажба на билети.

Кратенката „ITA3 претставува „Italia Trasporto Aereo“. Во петокот, таа доби сертификат од италијанската агенција за цивилна авијација „ENAC“ како оператор за воздушен транспорт и дозвола за вршење воздушен превоз, пренесува италијанската новинска агенција „Ansa“.

„„ITA“ може да полета“, рече претседателот на „ENAC“, Пјерлуиџи Ди Палма.

Италијанската влада сѐ уште разговара за деталите за започнувањето на новата компанија со Европската комисија.

Првите летови на новата авиокомпанија се закажани од средината на октомври. Се очекува „ITA“ да започне со флота од 52 авиони, а тој број се очекува да се зголеми на 78 до 2022-ра година и на 105 до 2025-та година. Се очекува бројот на вработени да достигне од 2.750 до 2.950 во оваа година, а бројот се очекува да се зголеми на 5.700 до 2025-та година.

Италијанската влада очекува црвени бројки на почетокот на работењето, а новата компанија се очекува да го прекрши лимитот на профитабилност во третиот квартал од 2023-та година. Нејзини главни бази ќе бидат римскиот аеродром Фиумичино и миланскиот Линате.

Првично, се очекува да се поврзат 45 дестинации на 61 рута, до 2025-та година тој број ќе се искачи на 74 дестинации и 89 авиокомпании. Во зимската сезона 2021-ва година, се очекува „ITA“ да лета подолги рути до Њујорк од Рим и Милано до Токио, Бостон и Мајами од Рим. Најавени се нови летови до Сао Паоло, Буенос Аирес, Вашингтон и Лос Анџелес за летната сезона 2022-ра година.

По неколку години големи деловни проблеми за „Alitaliа“ и неуспешните обиди за приватизација, италијанската влада одлучи да ја затвори компанијата и да започне нова. Европската комисија проверува дали целата постапка е во согласност со европското право, особено правилата за државна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП